• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Атлетик Билбао и Бетис ремизираа 1-1 во последниот неделен натпревар од 12. коло на шпанската Примера.
Домашните беа подобар ривал на својот „Сан Мамеш“, но на крајот освоија само бод, што сепак е добро со оглед на тоа што гостите поведоа во 52. минута. Одличниот потег на Пабло Форналс им донесе предност на екипата на Мануел Пелегрини. Баскијците успеаја да израмнат шеснаесет минути подоцна кога Оскар де Маркос одлично нафрли од десната страна, а Алекс Беренгер со глава ја затресе мрежата на гостите од Севиља (1-1). Атлетик беше многу поагилен во финишот, најчесто се играше на половина од Бетис, но гостите одолеа на притисокот на домаќините и освоија бод.
Атлетико и Бетис се изедначени во поредокот и се изедначени на шестото место со по 19 бодови.
Вториот баскиски клуб, Реал Сосиедад, извојува победа над вториот клуб од Севиља. На „Рамон Санчез Писхуан“, Реал Сосиедад славеше со 0-2, а головите ги постигнаа Јапонецот Кубо и Микел Ојарзабал од пенал.