ВИДЕО: Реми како победа за „светците“, ПСЖ стана најтрофеен во Лига 1!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ремизираа на гостувањето кај Стразбур (1-1), меѓутоа на коло пред крајот се старо-нови шампиони на Франција. Со овој резултат парижани станаа најтрофеен тим во Лига 1, бидејќи досега со по десет титули беа израмнети со Сент Етјен. 

  • Стразбур - ПСЖ 1-1:

Со освоениот бод Стразбур и официјално го потврди опстанокот кој само теоретски беше загрозен. Ситуацијата кај „светците“ беше слична, па и тие со бод останаа и официјално недопирливи. Натпреварот на „Стејд де ла Меине“ беше релативно изедначен, дури и домаќинот беше поконкретен на моменти.

Погодоци немаше во првото полувреме, а потоа по речиси еден час игра Лионел Меси стрела по асистенција на Мбапе за 0-1. Точно 20 минути подоцна Стразбур се избори за реми. По еден удар и голманска одбрана на Донарума, одбиената топка ја искористи Кевин Гамеиро, па погоди за конечните 1-1

Бидејќи е претпоследно коло, сите натпревари се играа во ист термин. Битката за местата кои водат во Лигата на Европа се вжешти. Лил си ја заврши својата задача, го совлада Нант со 2-1 и во пресрет на последната рунда имаат бод повеќе од Рен и Монако. Токму овие два тима го играа дербито на колото, а во него Рен слави со 2-0, па го спушти Монако надвор од „евро-зоната“. 

  • Рен - Монако 2-0:

Последното коло во Лига 1 е на програмата следната сабота. 

Состави

Патрик Виеира

3-4-2-1

    Луис Енрике

    3-5-2