Реми како победа: Парма се врати во калчо-елитата!

Фудбалерите на Парма се вратија во италијанската елита, откако одиграа нерешени 1-1 против Бари во рамките на 36. коло на Серија Б. Со тој бод култниот италијански клуб и математички си го обезбеди местото во Серија А на две кола пред крајот на сезоната. 

По две сезони минати меѓу второлигашите Парма ја исполни целта и се врати во најсилната калчо лига, откако минатата година беше елиминирана во плеј-офот во двомеч со Каљари. Оваа сезона тимот од „Енио Тардини“ е на добар пат да биде и шампион на Серија Б бидејќи има три бода предност пред Комо. 

Што се однесува до денешната средба, Парма поведе во 50. минута преку Бони, додека Ди Чезаре во 68. ги постави конечните 1-1. Сепак, гостинот на „Свети Никола“ во Бари го прослави ова реми како победа и го обезбеди пласманот во првата италијанска лига. 

Последен пат Парма беше член на калчо-елитата во сезоната 2020/21, кога завршија како последнопласирани со само три победи. 

Состави

Moreno Longo

4-2-3-1

    Fabio Pecchia

    4-2-3-1