ВИДЕО: Реми на Хофенхајм и Фрајбург, Унион не го дава врвот во Германија

Оваа сезона во Бундеслигата започна спротивно на сите очекувања, пред сè бидејќи гигантот Баерн Минхен не знае за победа четири кола во низа. Тоа го користат ривалите, па лидер на табелата по седум рунди е Унион Берлин пред Борусија Дортмунд, Фрајбург и Хофенхајм. 

Во пладневниот термин денес Унион славеше на домашниот дуел против Волфсбург со 2-0 (0-0). Иако во четвртокот беа на тешко гостување кај Брага, домаќинот во Берлин не си дозволи кикс. По првиот дел немаше погодоци, ама затоа Зиабаче стрелаше на стартот на продолжението за 1-0. Потоа, конечните 2-0 ги постави Бекер во 77. минута од натпреварот. 

  • Унион Берлин - Волфсбург 2-0:

Без голови заврши натпреварот меѓу Хофенхајм и Фрајбург (0-0). Пресметката на „ПреЗеро Арена“ во Зинсхајм мина со надигрување на средината, а иако гостите беа поконкретни, второ коло во низа не успеаја да запишат победа. 

  • Хофенхајм - Фрајбург 0-0:

Претходно попладнево реми одиграа и екипите на Бохум и Келн (1-1). 

  • Бохум - Келн 1-1:

Унион Берлин и Борусија Дортмунд се водечки, а Баерн кој четири кола е без победа нее така убедливо во шампионатот сезонава.

Состави

Urs Fischer

3-5-2

    Нико Ковач

    4-4-2