ВИДЕО: Ремек-делото на Меси е видено и на терените во Македонија!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси постигна фантастичен гол за Интер Мајами од слободен удар. Видеото го обиколи фудбалскиот свет, а интересно е што таков гол има паднато и на терените во Македонија.

Тоа беше во 2010 година, на тогашното скопско дерби помеѓу екипите на Металург и Вардар. Металург победи со 1-0, а автор на голот за триумф беше Благоја Љамчевски. Играчот атрактивно реализира од слободен удар откосо.

Погодокот на Лионел Меси за Интер Мајами кој е идентичен како оној на Благоја Љамчевски можете да го погледнете на СЛЕДНИОТ ЛИНК.