• Горан Упале

Голот на идната шпанска фудбалска ѕвезда, Ламин Јамал, во полуфиналето против Франција е избран за најубав на Европското првенство, соопшти денес Европската фудбалска унија (УЕФА).
Како што соопшти УЕФА, голот на шпанскиот тинејџер против Франција од 25 метри е најатрактивен на шампионатот, а потоа следат „ножичките“ на Џуд Белингeм против Словачка, ремек-делото на Швајцарецот Џердан Шаќири против Шкотска, па на Романецот Николае Станчиу против Украина и на турскиот ас Арда Ѓулер против Грузија.
Најубавите десет голови на првенството ги комплетираат: Турчинот Мерт Мулдур против Грузија, Шпанецот Фабијан Руиз против Хрватска, Англичанецот Оле Воткинс против Холандија, Италијанецот Матија Закањи против Хрватска и Холанѓанецот Чави Симонс против Англија.
Инаку, Ламин Јамал одигра фантастичен турнир во Германија и заслужено беше избран за најдобар млад фудбалер на Европското првенство.