ВИДЕО: Ремек-дело за паметење, Спировски и Ференцварош нокаутирани со гол од 60 метри!

Екипата на Ференцварош изминатиов викенд го запиша првиот неуспех, откако со минимални 1-0 го загуби мечот против Пушкаш Академија, во рамките од 11 коло на  домашното првенство.

Унгарскиот вицешампион, каде настапува нашиот репрезентативец Стефан Спировски, за првпат одигра под своите можности, а доказ плус за тоа е нестварниот гол кој го примија уште во 20. минута. Дефанзивецот на Пушкаш Академија, Јанос Хагедуш од навидум безопасен слободен удар увиде дека противничкиот голман е длабоко во поле и од преку 60 метри ја смести топката во мрежата на големиот фаворот. 

Погледнете го ремек-делото на Хагедуш, кое го „нокаутираше“ Ференцварош: