ВИДЕО: РЕМЕК-ДЕЛО во Шведска - Исламовиќ постигна гол од 56 метри!

Фудбалерот на Остершунд, Дино Исламовиќ, постигна спектакуларен погодок против тимот на Брумапојкарна, гол кој сигурно ќе биде и еден од најубавите на крајот од оваа сезона.

Имено, на стартот на вториот дел, Исламовиќ тргна во контра, а потоа од околу 56 метри упати спектакуларен удар, со кој го матира гостинскиот голман.

На крајот домаќините славеа победа од 3-1, а сите три гола ги постигна токму 24-годишниот Дино Исламовиќ, кој има потекло од Босна и Херцеговина. Бил дел од сите младински категории на Шведска, но сè уште не добил повик за настап во сениорската репрезентација.