ВИДЕО: Ремек-дело од слободен на Оливеира, Порто во финишот го скрши Краснодар

Екипата на Краснодар не успеа да ги издржи налетите на Порто и пред својата публика забележа минимален пораз од 0-1, во рамки од првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.  

Португалскиот гигант доминираше во текот на сите 90 минути, креираше голем број на шанси, испрати скоро 20 удари кон голот на домаќините, но речиси ниту еден не беше посериозна закана за Сафонов. Но, во самиот финиш домашниот голман беше немоќен по перфектниот слободен удар на Серџо Оливеира, кој на Порто му донесе заслужена победа од 0-1.

  • Извештај од натпреварот: 

По мирниот старт и тактичкото надмудрување првото вистинско возбудување пристигна во 13. минута, кога непрецизен беше Марега, додека неколку минути подоцна домашниот голман успешно интервенираше при обидот на Соарес.

Во вторите 45 минути темпото на игра спласна, двете екипи повеќе мислеа на својот гол, па затоа за издвојување е само сомнителната одлука на главниот судија Штелер, кој се реши да не го санкционира со пенал играњето со рака на искусниот Пепе. Во самиот финиш Реми Кабела ја имаше единствената можност за домашна радост, но неговиот удар одлично го одбрани Марчесин. 

Но, во моментите кога сите очекуваа крај на мечот Оливеира ја презеде одговорноста и со фантастичен слободен удар донесе гостинска радост и конечна победа на Порто од 0-1. 

Реванш средбата во Португалија, која ќе одлучи кој ќе ги продолжи натпреварите во Лигата на шампионите, се игра за една седмица.