• Горан Упале
Екипата на Челзи конечно стави крај на серијата од три натпревари без победа и се врати на победничките патеки на најдобар можен начин. „Сините“ пред својата публика го декласираа Борнмут со убедливи 5-1, а во центарот на вниманието се најде ветеранот Џордан Хендерсон.
- Челзи - Борнмут - 5-1:
Домашниот тим експресно го реши прашањето на победникот, откако Хендерсон во втората минута го отвори резултатот, а само минута подоцна асистираше за погодокот на Морган Роџерс за 2-0.
По паузата, Жоао Педро зголеми на 3-0, а Еванилсон накратко ја врати надежта кај гостите. Сепак, Челзи брзо одговори, Педро го постигна својот втор гол, пред Хендерсон да го постави конечниот резултат од 5-1 со вистинско ремек-дело од слободен удар.
- Астон Вила - Брентфорд 2-2:
Во Бирмингем екипата на Астон Вила не успеа да го одбрани домашниот терен и против Брентфорд одигра само 2-2. Јармолук во десеттата минута донесе водство за гостите од Лондон, а две минути подоцна Џексон израмни на 1-1, резултат со кој се замина на одмор. Во вториот дел по бројните замени на двете страни, МекГин донесе домашна радост и стрелаше за 2-1, но лондончани експресно одговорија и Ајер ги постави конечните 2-2.
- Ипсвич Таун - Фулам 2-1:
На „Портмен Роуд“, домашниот тим на Ипсвич со головите на Квантара и Ошеј приреди спектакл и победа по пресврт против Фулам. За лондонскиот клуб во листата на стрелците се запиша Сесењон.
- Сандерленд - Брајтон 0-2
На „Стадионот на светлината“ фудбалерите на Брајтон извојуваа сигурна победа над Сандерленд со 0-2 (Де Кујпер и Хаџам).




