• Горан Упале

Српскиот фудбалски гигант, Црвена Звезда забележа уште еден неуспех во домашниот шампионат, откако вечерва на гостувањето кај Чукарички беше поразен со 2-1. Херој на домашниот тим беше поранешната ѕвезда на Шкупи, Сандеј Адетунџи, кој постигна вистински еврогол во мрежата на шампионот.
Резултаот на натпреварот во Баново Брдо го отвори Доциќ со погодок за водство на домашниот тим од 1-0, но Крашо од пенал стрелаше за 1-1, на стартот од вториот дел. Во 75. минута по една соло-акција, Адетунџи прво со мајсторски дриблинг се ослободи од директниот чувар и потоа испрати вистински „проектил“ кон голот на Црвена Звезда, за 2-1 и голема победа на Чукарички.
За учесникот во Лигата на шампионите ова беше втор овосеозонски пораз во Суперлигата, откако пред две кола беше надигран и од тимот на Вождовац.