• Горан Упале

Анхел Ди Марија, некогаш еден од најдобрите крилни фудбалери во светот, а денес нè потсети на неговите славни денови и во дресот на Бенфика постигна неверојатен „хет-трик“.
Аргентинскиот ветеран на натпреварот со Естрела постигна три гола за само шеснаесет минути, а еден од нив беше вистинско ремек-дело, откако со спектакуларни „ножички“ ја затресе противничката мрежа.
- Погледнете го и уживајте во ремек-делото на аргентинскиот ас:
GOLAZO DE CHILENA DE ÁNGEL DI MARÍA.
36 AÑOS, ESTÁ LOCO. pic.twitter.com/tmS4UKvxTQ
— Sudanalytics (@sudanalytics_) November 23, 2024
Инаку, на оваа средба Бенфика славеше со убедливи 7-0.