• Саше Љолес
Атлетико Мадрид се ослободи од притисокот на Барселона во почетниот дел од мечот, а потоа тргна и поофанзивно, што резултираше со непромислен фаул на Пау Кубарси, кој доби црвен картон во 44. минута.
Судијата Ковач прво му покажа жолт картон, но беше пресуден повикот од ВАР-собата. Хулиан Алварез се намести да го изведе слободниот удар и со феноменален погодок од 25 метри ја затресе мрежата на Барса, носејќи му на домаќинот два големи удари во рок од само една минута.
„Јорганџиите“ на Диего Симеоне се во добра ситуација на тешкото гостување на „Ноу Камп“.




