ВИДЕО: Ремек-дело во ВМФЛ, Азири постигна гол каков ретко се гледа и во Прва лига

Егзон Азири, фудбалерот на Башкими, нè потсети дека и во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) може да се постигне ефектен гол, каков ретко може да се види и во најсилните лиги во Европа.

На натпреварот против Караорман екипата на Башкими имаше негатива од 0-1, но до 25. минута, кога Азири прво одлично се ослободи од директниот чувар, а потоа распали од голема далечина. Топката заврши во горниот лев агол од голот на гостите. 

  • Ефектниот погодок на Азири:

Голот на Азири беше последен во првото полувреме од натпреварот во Куманово (1-1).