ВИДЕО: Ремек-дела на Валверде и Родриго, Реал по пресврт ја „преслуша“ и Мајорка

Шпанскиот и европскиот шампион Реал Мадрид продолжува со перфектниот старт во новата сезона во Примера. На отворањето на денот во Шпанија, „кралевите“ убедливо запишаа нови три бода на своето конто, откако преку пресврт го совладаа тимот на Мајорка (4-1).

  • Извештај од натпреварот: 

Иако без својата прва ѕвезда, Карим Бензема, кој се повреди во Глазгов во Лигата на шампионите, четата на Карло Анчелоти, повторно покажа карактер во тешки моменти и со головите на Валверде, Винисиус, Родриго и Рудигер ја впиша петтата овосезонска победа, од исто толку натпревари во Примера.

Мајорка, пак, го забележа вториот пораз, по оној од Бетис во второто коло. На „Сантијаго Бернабеу“ прв се закани гостинскиот тим и преку Муричи поведе со 0-1, во 35. минута од првиот дел. Но, пред самиот крај на полувремето Валверде постигна ретко виден погодок на фудбалските терени, откако соло-акцијата ја започна од својата половина и на крај погоди со левата нога во голот на противникот (1-1).

На полувреме се замина со егал резултат, а во продолжението на „кралевите“ им требаше повеќе време за да влезат во посакуваниот ритам. Кога успеаја во тоа следуваа уште три гола во гостинската мрежа. Винициус донесе прво водство на Реал, а Родриго со велемајсторска акција стрелаше за 3-1. Точка на натпреварот стави Рудигер во 93. минута.

Во следното коло Реал Мадрид го чека дерби со градскиот ривал Атлетико, додека Мајорка ќе ја пречека екипата на Алмерија.

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Javier Aguirre

    5-4-1