Рекордна ШЕСТА „Златна топка“ за Лионел Меси!

Месиии

Лионел Меси е освојувач на овогодишната „Златна топка“, која денес по 46-ти пат ја додели престижниот магазин „Франс Фудбал“.

Аргентинецот зад себе ги остави Виргил Ван Дајк и Кристијано Роналдо, и по пауза од три години ја освои престижната награда.

Португалецот  одново се најде во најдобрата тројка, но одлучи да не присуствува на денешната церемонија во Париз.

За ѕвездата на Барселона ова е шесто индивидуално одличје во кариерата, што е апсолутен рекорд. Претходно, 32-годишникот се радуваше во 2009, 2010, 2011, 2012 и 2015 година.

Меси постигна 54 гола во клупските и репрезентативните настапи во сезоната 2018/19. Со Барса ја освои титулата во Примера и загуби во финалето на Купот на Кралот, а во Лигата на шампионите настапите ги заврши во полуфиналето.