Рекорди на Сетиен и Меси за отворање на новата ера во Барселона

Кике Сетјен со синоќешната победа над Гранада дебитираше на тренерското место во големиот каталонски гигант, откако Лео Меси со гол во финишот спречи изненадување и задоволи преку 80.000 гледачи на „Камп Ноу“. 

Максимален број додавања и контрола на топката е препознатлив стил на поранешниот тренер на Бетис и Лас Палмас. Тоа најдобро се виде и синоќа кога Сетиен постави нов рекорд. Домашните фудбалери имаа неверојатни 1.005 додавања, што е најмногу на еден натпревар во историјата на Барселона.

Само Баерн Минхен, кој на дуелот против Херта Берлин под водство на Пеп Гвардиола пред шест години, реализира 1.033 додавања е поуспешен од оваа Барса во историјата на фудбалот.

Лионел Меси стана првиот играч што постигнал гол во Примера 16 последователни календарски години. Постигнувањето на Меси е рекорд во историјата на шпанската елита, но има играчи со подолги серии во некоја од останатите европски лиги кои се во ТОП 5 листата.

Така, неговиот голем ривал Кристијано Роналдо, на пример, има постигнато гол во секоја од последните 18 календарски години во неговите настапи во најсилните првенства. Џампаоло Пацини од Верона и Џими Брианд од Бордо постигнаа гол во секоја од последните 17 календарски години.