ВИДЕО: Рекорди на Роналдо, деби-гол од прва на Леао, триумф за Португалија!

Фудбалската репрезентација на Португалија си ја оствари целта и со победа над Гана (3-2) тргна на Светското првенство (СП) кое се игра во Катар. Овој натпревар мина во знакот на Кристијано Роналдо кој урна два рекорди, како и на деби-голот на Рафаел Леао и двете асистенции на Бруно Фернандеш.

  • Извештај од натпреварот:

Натпреварот во првото полувреме мина во тотална доминација на Португалија. Европската селекција притискаше пред голот на Гана која вешто се бранеше со пет дефанзивци и одолеваше. Кристијано Роналдо успеа да се запише во листата на стрелците, ама судиите му го поништија голот поради офсајд.

Мачењето на големиот фаворит на хартија траеше до 64. минута, кога Роналдо беше срушен во казнениот простор. Судијата покажа на белата точка, а реализатор беше токму Роналдо кој стана првиот играч кој дал гол на пет Светски првенства во низа, серија која започна од 2006 година, па продолжи преку СП 2010, СП 2014 и СП 2018.

Предноста на Португалија траеше кратко, затоа што Ају во 73. минута од втората сериозна закана на Гана на натпреварот израмни за 1-1. Овој гол како да ги налути Португалците, кои потоа дадоа два гола во две минути. Во 78. и 80. минута, Жоао Феликс и Рафаел Леао погодија, двајцата по асистенција на Бруно Фернандеш. Леао погоди за Португалија првпат, со првиот допир на топката.

Во 89. минута по излегувањето на Роналдо, Гана даде втор гол, преку Букари од Црвена Звезда, но тоа беше се до крајот кога се говори за головите. Во 101. минута Гана можеше да ја шокира Португалија, но направи грешка во одличен напад за израмнување. Во следното коло Португалија игра со Уругвај, додека Гана ја чека дуел со Јужна Кореја.

Состави

Фернандо Сантос

4-1-4-1

    Ото Адо

    5-4-1