Рекордерот Роналдо и дружината по три бода во Даблин

Португалците во овој натпревар влегуваат како второпласирани на табелата, со бод помалку, но и натпревар помалку од Србија со која се среќаваат во последното коло. Од друга страна, Ирците потполно потфрлија. Можеби не беше реално да се борат за некоја од првите две позиции, но не очекувавме дека ќе освојат помалку бодови дури и од Луксембург. Тој податок би требало да ви биде доволен за типување на овој натпревар.

>>> Сите квоти на мечот Р. Ирска - Португалија во MOZZART

Последниот пораз, избраниците на Фернандо Сантош го доживеаја во осминафиналето на Европското првенство од Белгија (1-0). По тоа разочарување врзаа пет победи, а една од нив беше токму против Ирска во септември. Вистина, до тие 2-1 на домашен терен дојдоа многу тешко, а на „зелените“ им недостигаа десетина минути сила и концентрација за да направат големо изненадување.

Да потсетиме, момците на Стивен Кени водеа на полувремето со 1-0, а најголемата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо, промаши пенал во 15. минута. Меѓутоа, Роналдо не би бил еден од кралевите на светскиот фудбал ако не успееше да ја исправи сопствената грешка и со головите во 89. минута и шестата минута на судиското продолжение да донесе победа за „селесао“.

>>> Сите квоти во квалификациите за СП во MOZZART

Селекторот на гостите смета за оваа средба и дуелот со Србија на најсилниот состав, чиј костур го сочинуваат покрај Роналдо уште и ѕвезди на Манчестер Јунајтед, Сити, Ливерпул, Спортинг, Порто, Бенфика, Пари Сен Жермен... Домашните не можат да се пофалат со такви имиња, а за Кени е најважно дека во тимот се враќа капитенот Шејмус Колмен, кој долго беше повреден.