• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Иван Тричковски ја продлабочи својата легенда во кипарска АЕК Ларнака каде стана играч со најмногу настапи.
Во текот на оваа сезона, напаѓачот дојде до бројката од 258 натпревари и стана „вечен“ на врвот на листата по број на одиграни средби во дресот на некогашниот кипарски првак. На листата, Тричко го надмина Давид Катала.
По крајот на актуелната сезона, на церемонијата за крај, раководството на АЕК Ларнака го испочитува Иван Тричковски со мал подарок – дрес потпишан од целиот тим, со бројката која го симболизира рекордот.