Рекорден трансфер на Митровски, потпиша за Олимпија Љубљана!

Словенечкиот прволигаш Олимпија Љубљана ова лето реализираше рекорден трансфер во историјата на клубот, се засили со македонскиот репрезентативец Димитар Митровски.

Младиот офанзивец потпиша договор до летото 2028 година, со што клубот ја потврдува својата амбиција за градење на конкурентен состав во следните сезони.

Митровски, кој е еден од македонските фудбалери кој играше во најдобра форма во дресот на хрватски Вараждин, ќе има шанса да ја продолжи својата кариера во силната словенечка лига и да се наметне како клучен играч во тимот на Змејовите.

Трансферот предизвика големо внимание, со оглед на фактот дека се работи за највредното засилување во историјата на словенечкиот шампионат - сумата која се споменува е 1.000.000 евра.

Досегашниот рекорд го држeше трансферот на Блесинг Елеке, за кого Олимпија во времето на Милан Мандариќ исплати 800.000 евра.