Рекорден интерес за СП 2022, продадени 1,2 милиони влезници

Катар СП

Втората фаза на продажба на влезници за Светското првенство во Катар заврши, а позната е бројката на продадени билети.

Очекувана е големата заинтересираност кај фудбалските фанови, кои набавиле 1,2 милиони влезници за натпреварите во ноември и декември. Единствена грижа кај Здруженијата на фановите се цените на летовите и сместувањето, како и за човековите права во земјата домаќин на овогодишниот Мундијал.

Пред почетокот на продажбата на билетите, организаторите на турнирот потврдија дека добиле над 40 милиони апликации од фанови ширум целиот свет. Засега нема точен датум кога треба да започне третата фаза на продажба.

Светскиот собир во Катар ќе биде уникатен и прв во историјата кој ќе се организира во зимскиот период.