• Мартин Танасковски

Босанскиот дефанзивец и член на Сараево, Нидал Челик, ги помина медицинските прегледи и потпиша за Ленс.
Германски „Скај Спорт“ пишува дека зделката е завршена и дека 18-годишниот Челик потпишува договор до 2029 година. За овој трансфер одбил многу други понуди за францускиот клуб.
Што се однесува до обештетувањето, Сараево ќе инкасира 2,5 милиони евра, што е рекорд за босанскиот фудбал.
Челик сезонава доби вистинска можност во дресот на Сараево, беше промовиран во капитен и репрезентативец на БиХ, а како награда дојде трансферот во најдобрите пет лиги каде младиот фудбалер ќе има можност дополнително да се развива.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.