• Горан Упале
Младиот шпански фудбалер Ламин Јамал собори уште еден рекорд. Асот на Барселона во полуфиналето на Европското првенство стана најмладиот стрелец досега на континенталниот собир, а сега собори уште еден рекорд.
Тој од првата минута го започна и финалниот дуел против Англија, што значи дека стана најмладиот фудбалер кој играл во финале на едно големо натпреварување.
Јамал на тој начин го собори рекордот на легендарниот Пеле во финалето на Светското првенство во 1958 година. Тогаш легендарниот Бразилец имаше 17 години и 249 дена. Јамал, пак, има 17 години и еден ден.