• Зоран Мишевски

Највисокиот трансфер оваа зима е реализиран. Манчестер Сити плати 75 милиони евра за Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт. Египќанецот ги мина лекарските прегледи и веќе позираше со дресот на „граѓаните“.
25-годишниот египетски репрезентативец потпиша договор до 2029 година.
Мармуш со 15 голови се наоѓа на второто место на листата на стрелците во Бундес лигата веднаш зад играчот на Баерн Минхен, Хари Кејн.
Манчестер Сити деновиве ги официјализираше трансферите на Бразилец Витор Реис и узбекистанскиот дефанзивец Абдукодир Хусанов од Ленс.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.