ВИДЕО: Рекорд на Буфон, првенец за Ремзи - Јуве едвај ја сруши Верона

Јувентус им се врати на победите во Серија А и по ремито во Фиренца пред седум дена, со тешки маки попладнево го совлада новајлијата Верона со 2-1 (1-1). Ветеранот Џиџи Буфон влезе во историјата и се израмни со Паоло Малдини по бројот на натпревари на врвот на вечната листа (902 натпревари). 

Сари им даде шанса на Дибала, Ремзи и Емре Џан од првата минута, но Јуве се мачеше да ги пробие „џубовџиите“ на Горан Јуриќ. И наместо водство на шампионот како што сите очекуваа, во 20. минута беше досуедена најстрога казна, а по одбиената топка, Португалецот Велосо со убав гол донесе водство за гостите (0-1). Домаќинот „нагази“, темпото стана посилно и дебитанто Арон Ремзи, со помош на одбраната на Верона израмни на 1-1 во 31. минута.

По израмнетиот прв дел, продолжението не можеше подобро да почне за „старата дама“. Главниот судија вторпат на натпреварот покажа на белата точка, а Кристијано Роналдо донесе комплетен пресврт (2-1). 

  • Извештај од натпреварот: 

Уморниот Јуве го намали ритамот, се обиде да калкулира и на крајот можеше да биде казнет. Џиџи Буфон и неснаодливоста на гостинските напаѓачи во последните минути од натпреварот го спасија тимот на Сари. Кумбула во последните мигови заработи црвен картон и Верона натпреварот го доигра со десет фудбалери.

Попладнево на „Дачиа Арена“, Бреша го изненади Удинезе победувајќи го со 0-1 (0-0). Единствениот гол го постигна Ромуло во 57. минута, а нашиот Илија Несторовски одигра само неколку минути во финишот на натпреварот. 

  • Извештај од натпреварот: