ФОТО: Реконструкцијата е во завршна фаза, „Младост“ ќе блесне за дуелот со Албанија

Реконструкцијата на стадионот во Струмица „Младост“, кој ова лето беше дом на повеќето македонски екипи кои настапија во фудбалска Европа е во завршна фаза. 

Едната трибина е речиси целосно реконструирана, новите седишта се поставуваат, а веќе на своето место се и дополнителните рефлектори кои беа пречка натпреварите од квалификациите за Лигата на Европа да не се играат во вечерните термини. 

Стадионот „Младост“ наскоро ќе блесне, а истиот ќе биде домаќин на квалификацискиот натпревар на нашата најдобра фудбалска репрезентација за Светското првенство во Русија против Албанија. Мечот ќе се одигра на 5 септември со почеток од 20.45 часот.