• Саше Љолес
Холандскиот репрезентативец Тиџани Рејндерс би можел да го напушти Манчестер Сити само една година по доаѓањето во клубот.
Играчот пристигна од Милан за сума од околу 55 милиони евра, со можност трансферот да достигне и 70 милиони преку бонуси, и стартуваше одлично - со гол и асистенција уште на дебито во Премиер лигата.
Сепак, неговата форма и улога во тимот драстично опаднаа во текот на сезоната. Рејндерс постепено го загуби местото во стартниот состав, а на последните неколку натпревари дури и не добиваше минутажа.
Незадоволството е обострано - и кај играчот и кај тренерот Пеп Гвардиола, што дополнително ги засилува шпекулациите за разделба.
Ситуацијата внимателно ја следи Јувентус, кој е подготвен да реагира и да се обиде да го доведе Холанѓанецот доколку се создадат услови за трансфер.
Доколку се реализира ваков трансфер, тоа би можело да биде дочекано негативно од навивачите на Милан, со оглед на релацијата меѓу двата клуба, но и фактот што Рејндерс релативно неодамна ја напушти Италија.
