Рејес со пет трофеи од Лига Европа е ненадминлив на вечната листа

Легендарниот ветеран во дресот на Севиља, Хозе Антонио Рејес e единствениот во историјата на клупскиот фудбал на стариот континент кој освоил пет трофеи од Лига Европа или Купот на УЕФА. Имено, Рејес не загубил финале на овој Куп, дури и под старото има кога натпреварувањето се викаше Купот на УЕФА.

Бившиот фудбалер на Арсенал, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид беше дел од тимот кој во Ајндховен го совлада Мидлзбороу, кој во Глазгов по изведување на пенали беше поуспешен од Еспањол, па исто така по фудбалската лотарија го надмудри португалскиот гигант Бенфика, се радуваше на трофејот во Варшава против Дљипро и во Базел против Ливерпул.

Инаку во историјата на европските купови најтрофеен е Пако Хенто од Реал Мадрид со шест освоени Купа на европските шампиони, па следат Малдини, Меси, Иниеста, Пике и Сидорф со четири европски круни.

Токму Малдини, заедно со Дани Алвес најчесто го освојувале и европскиот Суперкуп, по четири пати, а Каталонецот Франциско Хозе Караско со три освоени Купа на куповите е прв во ова натпреварување кое веќе 15 години не постои.

Севкупно во сите натпреварувања на УЕФА најтрофејни се Хенто и Реј Клеменс со шест европски трофеи, пред Ари Хан и Реј Кенеди кои имаат по пет. Сите европски купови ги освоиле само осум фудбалери: Блинд, Брио, Кабрини, Мирен, Ширеа. Такони, Тардели, Вијали.