ВИДЕО: Реина полета и спречи супер-гол со „НОЖИЧКИ“ на Манџукиќ!

Малку фалеше Марио Манџукиќ да ги повтори маестралните „ножички“ на Кристијано Роналдо од дуелот меѓу Јувентус и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а главен виновник за тоа е голманот на Милан, Пепе Реина.

Хрватскиот фудбалер доби топка во шеснаесетникот, па реши да се обиде да погоди атрактивно. Топката одеше во голот, но супер-гол спречи Реина, кој полета во воздух и со одлична парада изби во корнер.

  • Погледнете го обидот на Манџукиќ и уште подобрата интервенција на голманот на „росонерите“: