Рехабилитацијата мина успешно: Левиот бек на Јунајтед се враќа во јануари

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Тајрел Маласија, ќе се врати на терените на почетокот од следната година, јавува англискиот премиерлигаш. Холанѓанецот беше подложен на две операции во текот на летото, а неговото враќање се очекува веднаш по новогодишните празници. 

Оваа сезона немаше ниту еден настап за „ѓаволите“, но ќе биде дел од ротацијата на Ерик Тен Хаг многу наскоро. Маласија се најавуваше како големо засилување за Јунајтед, а во Манчестер пристигна од Феенорд за сума од тринаесет милиони евра. 

Досега во дресот на англискиот премиерлигаш настапи на 22 натпревари, а за холандската репрезентација има запишано вкупно девет одиграни мечеви.