Регуларна ли е Примера? Шпанија бруи за ВАР-резилот на Хетафе - Сосиедад (ВИДЕО)

Бројот на спорни моменти во шпанска Примера од ден на ден расте, а довербата во технологијата полека исчезнува. Дури и примерот не е евидентен на натпреварите на големите Реал и Барса, на кои најчесто им се помага, занемарувајќи ги правилата, ВАР-технологијата или правдајќи се со нови протоколи, правила и интерпретација.

Сепак, она што се случи на натпреварот Хетафе - Реал Сосиедад е преседан без исклучоци. Два од трите гола се дебело нерегуларни. Пеналот за Хетафе при 0-0 е евидентен прекршок во напад, а голот на Јанузај за 1-1 е евидентен офсајд, кој ниту по прегледувањето на снимката не е корегиран.

  • Пеналот врз Хаиме Мата за Хетафе за 1-1: 
  • Голот на Јанузај за Реал Сосиедад за 1-1: 

Хетафе извојува победа од 2-1, а полемиките во фудбалска Шпанија не престануваат и ден по дуелот во Мадрид.