Регуларен ли е израмнувачкиот гол на Интер? Јуве сигнализира прекршок врз Киеза (ВИДЕО)

Натпревар меѓу Јувентус и Интер не може да мине без полемики. По ремито на дуелот на двете водечки екипи во Серија А, протестите зачестија од торинскиот табор. Имено, фановите на Јуве бараат прекршок на Матео Дармиан над Федерико Киеза во зачетокот на акцијата по која Лаутаро Мартинез, на додавање на Маркус Турам, постигна израмнувачки погодок (1-1).

Со оглед на тоа што фудбалерите на Јувентус не дојдоа до топката по овој дуел Киеза-Дармиан, постоеше опција за интрвенција на ВАР-собата, но таа не го повика судијата Гуида на проверка. 

  • Спорниот дуел Киеза-Дармиан:

Италијанскиот медиуми сметаат дека Киеза се однесуваше спортски и не се превиткуваше по овој удар со лакт на Дармиан и со тоа не предизвика повидлива реакција на судиите и ВАР-собата.  

Состави

Масимилијано Алегри

3-5-2

    Симоне Инзаги

    3-5-2