Регионалниот технички консултант на ФИФА во посета на ФФМ

Регионалниот технички консултант на ФИФА, Каролин Браун беше во посета на Скопје и Фудбалската федерација на Македонија

Целта на оваа средба беа разговори за стратешкиот план на ФФМ, во насока на партиципацијата, развојот на таленти, фудбалските академии на ФФМ, грасрут активностите, развојот на женскиот фудбал, тренерските кадри. Браун имаше можност да оствари средби и консултации со директорот на федерацијата Зоран Стратев, со генералниот секретар Филип Поповски, како и менаџерот на секторот фудбал, Жарко Игњатовски.

„Имавме можност да дознаеме повеќе за одредени области во кои што можеме да направиме видлив напредок. Сметам дека младинскиот фудбал, грасрутот и развојот на женскиот фудбал во моментот се наши приоритети за нивно подобрување и зајакнување. Се пријавивме и да учестувавме како пилот асоцијација во истражувањето на ФИФА за развој на аматерскиот фудбал. Драго ни е што ни е дадена можноста да бидеме дел од овие активности на ФИФА“, рече техничкиот директор на ФФМ, Зоран Стратев.

Оваа посета на техничкиот консултант на ФИФА вклучуваше и работни средбии со одговорните лица за развојот на женскиот фудбал, тренерската едукација и грасрут.