• Горан Упале
![](https://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2023/10/23/ajaks.jpg?itok=8GXcFT5e)
По поразот од Утрехт, тренерот Морис Стајн изјави дека сè уште ја ужива поддршката од управата и соблекувалната, но копјата сепак се скршиле на неговиот грб. Холандскиот фудбалски гигант ја информираше јавноста дека се разделил со шефот на стручниот штаб на претпоследната екипа од Ередивизија.
„Ајакс и Морис Стајн ја прекинуваат соработката, одлуката стапува во сила веднаш. Клубот и Стејн заеднички се договорија за раскинување на соработката. Стејн пристигна во Ајакс летово од Спарта и имаше договор до 30 јуни 2026 година“, соопштија од клубот.
Се огласи искусен стручњак, свесен дека тоа не е единствениот проблем, туку и дека смените се нормални работи во вакви ситуации.
„Утрово седнав со луѓе од управата на клубот и дојдовме до заклучок дека најдобро е да се разделиме, иако јас лично жалам. Сите што ме познаваат знаат дека направив сè за да го вратам Ајакс на неговото вистинско место. Но, не успеав. Сакам да им се заблагодарам на навивачите и на луѓето со кои работев со надеж дека Ајакс наскоро ќе го најде својот пат“, изјави сега веќе поранешниот стратег на Ајакс.
Улогата на привремен тренер, до изборот на нов шеф на стручниот штаб, ќе ја извршува Хедвиг Мадуро.