Ребров: Разочаран сум, никој не очекуваше ваков резултат

Селекторот на украинската репрезентација, Сергеј Ребров, беше видно разочаран после поразот од Романија (3-0) и изјави дека неговата селекција мора драстично да се подобри во следните натпревари на Европското првенство. 

Украина имаше голем посед на топката, создаде и неколку солидни прилики за гол, а Ребров смета дека играчите немале среќа во одредени ситуации и најави голема борба за бодовите на следните мечеви. 

„Имавме голем посед на топката, но нашите шанси не беа премногу конкретни. Никој не очекуваше ваков резултат. Романија е одлична екипа која знае како да игра фудбал и денес тоа го покажа и докажа.

Сега пред нас се уште два важни натпревари, а фокусот ќе биде на дуелот со Словачка. Мораме да поразговараме со сите во тимот и да се подготвиме за овој предизвик. Разочаран сум, но мора да гледаме напред“, рече Ребров.

Следниот натпревар за Украина ќе биде оној против Словачка, кој ќе се одигра на 21 јуни, со почеток во 15:00 часот. Избраниците на Ребров ќе мораат да слават победа доколку сакаат да останат во игра за прогрес во осминафиналето. 

Состави

Eduard Iordanescu

4-1-4-1

    Сергеј Ребров

    4-2-3-1