• Иван Димовски

Фудбалерите на Украина со пресврт ја совладаа селекцијата на Босна и Херцеговина во полуфиналниот плеј-оф на патот кон Европското првенство. Натпреварот на „Билино Поље“ во Зеница понуди три гола во вториот дел, а Украинците се разбудија дури откако си дадоа автогол.
По победата, на средбата со медиумите зборуваше селекторот на гостите Сергеј Ребров. Тој триумфот го посвети на нацијата во тешките времиња за време на војната со Русите.
„Игравме против добар ривал кој менува формација, бевме подготвени на тоа. За мене додека не го дадовме првиот гол, одбраната на БиХ беше одлична. Очекувавме ваков натпревар против квалитетниот противник. Сепак, нашите играчи ја сакаа победата и го искористивме тоа.
Побарав од фудбалерите да му донесат малку среќа на нашиот народ. Минатата ноќ не гранатираа и паднаа 330 ракети над нашите градови. Тоа е така секоја ноќ. Овој натпревар го покажа нашиот карактер, на играчите и целата нација. Нашата мисија е да покажеме дека уште се бориме на сите полиња“, изјави Ребров.
Време за одмор нема, бидејќи Украина веќе во вторник ја очекува финалниот бараж за континенталниот собир против Исланд. Средбата ќе се игра на „Тарчински Арената“ во полскиот град Вроцлав.