ВИДЕО: Ребиќ во 93. минута ја расплака „старата дама“ и донесе голем бод за Лече!

Фудбалерите на Лече и Јувентус одиграа без победник (1-1) во рамките на 14. коло на италијанската Серија А. Фаворитот долго се мачеше на „Виа дел Маре“, поведе преку Камбијасо, но Лече со погодокот на Анте Ребиќ освои голем бод против фаворизираниот ривал.

  • Извештај од натпреварот:

Првиот дел не понуди возбудувања, Јуве повеќе ја имаше топката меѓутоа изостанаа вистинските обиди. Имаше поништен гол за гостите преку Тимоти Веа кој беше во недозволена позиција. Во вториот дел резултатот беше отворен во 68. минута преку Андера Камбијасо. Младата ѕвезда на Јувентус доби проигрување од Копмајнерс и со помош на блокот го матира Фалконе за 0-1. 

Во продолжението Лече се ослободи од притисокот и почна да притиска. До крајот успеа домашната екипа да стигне до израмнување и голем бод против фаворитот. Акцијата течеше по левата напаѓачка страна, Крстовиќ добро проби и упати ниска топка по земја на втора статива, а таму Анте Ребиќ ја сочека и смести во мрежата за 1-1 во 93. минута од средбата. 

Јувентус по 14 одиграни меча има 16 бода и е шестопласиран, додека Лече со 13 е на 16. место.

Состави

Марко Џампаоло

4-3-3

    Тиаго Мота

    4-2-3-1