ФОТО: Ребиќ ги крена рацете високо во воздух неколку секунди пред ударот на Јовиќ

Јовиќ

Германски Ајнтрахт Франкфурт промаши двапати во пенал рулетот и загуби во полуфиналето на Лига Европа против Челзи.

Србинот Лука Јовиќ уште еднаш докажа за каков напаѓач се работи и реализираше на „Стемфорд Бриџ“ за да го однесе мечот во продолженија.

Неговиот удар заврши зад грбот на Кепа, а колку соиграчите имаат доверба во него доказ е потегот на Хрватот Анте Ребиќ.

25-годишникот од Сплит започна да се радува на погодок неколку секунди пред српскиот голгетер да упати удар кон голот на противникот.

Јовиќ