Реал започна да бара замена за Рамос, понуди 90 милиони за Кулибали

Кулибали

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ги загрижи фановите со својата неодлучност околу иднината во клубот. Шпанските медиуми блиски до „кралскиот“ клуб пишуваат дека претседателот Флорентино Перез започнал да бара алтернатива доколку централниот дефанзивец си замине.

Заедно со менаџерот Фали Рамадани испратена е понуда од 90 милиони евра за 27-годишниот Калиду Кулибали. Наводно, Аурелио де Лаурентис, првиот човек на Наполи, без размислување дал негативен одговор на оваа сума.

Сенегалскиот интернационалец беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А за сезоната 2018/19. Тој е на врвот во Европа меѓу фудбалерите на својата позиција и е мета на многу големи екипи.

Кулибали моментално заработува седум милиони по сезона, а откупната клаузула во договорот му стои на цена од 150 милиони евра.