Реал за еден ден продаде дресови на Мбапе во вредност од скоро милион евра!

Главниот град на Шпанија, Мадрид, го зафаќа еуфорија за еден од најдобрите светски фудбалери, Килиан Мбапе

Реал Мадрид продаде 7.000 дресови со името на Килијан Мбапе на првиот ден од продажбата. Приходот од продаденото изнесува 800.000 евра. Промоцијата на 25-годишниот Французин како играч на мадридскиот клуб ќе се одржи во вторник попладне, а како гостин ќе присуствуга поранешниот играч и тренер на „кралевите“ Зинедин Зидан.

На претставувањето на Мбапе во Реал Мадрид се очекуваат 80.000 гледачи.

Првиот официјален натпревар на Французинот ќе биде Суперкупот на Европа во Варшава, на 13 август.