ВИДЕО: Реал треба да стравува и од голманот на Ајакс - нестварни „ножички“ на Онана

Онана

Осминафиналната ждрепка во Нион одлучи бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, да одигра двомеч со Ајакс, кој игра во одлична форма оваа сезона.

Холандскиот гигант има огромен играчки потенцијал, но тука се и голманите, кои покажаа голем квалитет во групната фаза. 

Вчерашниот тренинг донесе „закана“ екипата на Сантијаго Солари од страна на Андре Онана, камерунскиот чувар на мрежата, кој во стил на голем голгетер постигна прекрасни „ножички“.

Можеби „кралевите“ треба да внимаваат и на 22-годишниот Камерунец...

Оваа мајсторија многу наликува на погодокот на Карим Бензема во дуелот токму против Ајакс пред шест години.