ВИДЕО: Реал Сосиедад против најлошиот гостин ја продолжи серијата без пораз во Примера

Екипата на Реал Сосиедад ја забележа осмата овосезонска победа во домашниот шампионат, откако пред својата публика со сигурни 3-1 славеше над Елче, во последниот натпревар од денешната програма во 23. коло на Примера. 

Тимот од Сан Себастијан беше голем фаворит на овој дуел, не само бидејќи игра на домашниот терен, туку поради подобрата форма во која што се наоѓа во овој дел од сезоната во Шпанија. Домашните фудбалери тоа го покажаа уште во првото полувреме. Водство им донесе хрватскиот ас Сушиќ со погодокот во 24. минута, но само пет минути подоцна се повреди и мораше предвреме да го заврши натпреварот. 

Но, тоа не донесе никакви промени на теренот. Реал Сосиедад продолжи во ист ритам и одново пристигна наградата. Во 37. минута Микел Ојарзабал биеше прецизно од дистанца и го одведе својот тим на комотни 2-0. Но, кога најмалку требаше, домашните фудбалери се опуштија и пред крајот на полувремето Андре Силва го врати Елче во игра (2-1).

Во вториот дел Марин погоди за удвојување на домашното водство, но ВАР му го поништи голот поради офсајд. Прашањето на победникот можеше да биде решено во 85. минута кога Оскарсон промаши од невозможна позиција, префрлајќи ја топката над голот од само неколку метри. Но, репрезентативецот на Исланд само неколку минути подоцна се искупи за големото промашување и со сигурна реализација ги постави конечните 3-1.

  • Извештај од натпреварот:

Следен ривал на баскискиот тим е Реал Мадрид, дерби кое што се игра за седум дена, додека единствениот тим кој што сè уште е без гостинска победа оваа сезона, излез од кризата ќе брка против Осасуна.