ВИДЕО: Реал Сосиедад како гостин слави во првото баскиско дерби во Купот

Реал Сосиедад направи голем чекор кон финалето во Купот на Кралот, откако славеше на гостувањето кај Атлетик Билбао со 0-1 (0-0) во првиот полуфинален натпревар.

Одлучувачкиот момент во баскиското дерби се случи во 62 минута. Грешката на Руиз де Галарета на средината од теренот овозможи брза транзиција на гостите, топката стигна до Гонзало Гуедеш,кој несебично асистираше, а Бењат Туриентес од непосредна близина ја погоди празната мрежа.

Во баскиското дерби се играше отворен фудбал со шанси на двете страни. Најдобрата за домаќините ја имаше Ињаки Вилијамс, додека кај гостите се закани Дује Чалета Цар. Во вториот дел Микел Ојарзабал пропушти огромна можност, но Реал Сосиедад продолжи да притиска и на крајот стигна до заслужена предност. Во финишот и Нико Вилијамс имаше прилика да донесе реми, но резултатот остана непроменет.

  • Извештај од натпреварот:

Реваншот во Сан Себастијан се игра за три седмици. Во второто полуфинале ќе се сретнат Атлетико Мадрид и Барселона.