ВИДЕО: Реал Сосиедад ја продолжи гостинската агонија на Гранада

Екипата на Реал Сосиедад на домашен терен беше подобра од Гранада (2-0) и ја продолжи серијата без пораз на домашен терен, додека на гостинот ја продолжи ужасната серија на гостински терен во Примера.

  • Извештај од натпреварот:

Вкупно шест натпревари во низа Гранада нема победа надвор од својот дом, тоа ја стави во незавидна позиција и борба за опстанок во шпанската фудбалска елита. Сосиедад, пак, останува во горниот дел меѓу најдобрите.

Играч на натпреварот беше Микел Ојразабал. Шпанскиот играч прво постигна погодок од пенал во 37. минута, а потоа, во 74. минута тој асистираше до Рафиња кој ги постави конечните 2-0 на „Аноета“.

За Реал Сосиедад ова беше десетта победа во Примера сезонава.

Состави

Imanol Alguacil

4-2-3-1

    Fran Escriba

    4-4-2