ВИДЕО: Реал Сосиедад ги симна „кралевите“ од врвот на Примера

Реал Сосиедад повторно е лидер во Примера, откако убедливо го победи повратникот во елитата Уеска (4-1) во рамки на седмото коло.

  • Извештај од натпреварот:

Фаворитот на хартија предводен од главните играчи ги освои посакуваните три бода и од врвот го симна актуелниот првак Реал Мадрид. Сепак, мора да се напомене дека „кралевите“ имаат  еден натпревар помалку.

Мрежите во Сан Себастијан мируваа 35. минути, па гостинот направи пенал кој во гол го претвори Ојарзабал. На стартот на второто полувреме Уеска изедначи преку Мир, но Ојарзабал со својот втор гол брзо ја врати предноста. До финишот во мрежата на гостинот погодија уште Порту и Исак, за конечни 4-1.

Реал Сосиедад има 14 бода, пред Реал Мадрид кој има 13 бода. Уеска, пак, се уште не знае за победа оваа сезона во Примера, ама има пет нерешени средби и два неуспеси. Во следната рунда Сосиедад ќе гостува во Виго кај Селта, додека Уеска се соочува со тешко гостување кај Реал Мадрид.