Реал Сосиедад доведе големо засилување од Арсенал за само 250 илјади евра! 

Иако имаше неколку побогати понуди, искусниот шпански дефанзвиец Начо Монреал се реши да се врати во својата татковина и да потпише договор со тимот на Реал Сосиедад. 

Поранешниот лев бек на шпанската фудбалска репрезентација потпиша тригодишен договор со тимот од „Аноета“, шпанскиот прволигаш за неговите услуги потроши само симболични 250.000 евра. 

„Уште пред една години започнавме со преговори, но дури сега трите страни пронајдовме заеднички договор. Можев и да останам во Арсенал, но отсекогаш сум сонувал да го носам дресот на Реал Сосиедад и да живеам во Сан Себастиан и среќен сум што таа желба ми се оствари“, рече Монреал. 

33-годишниот дефанзвиец својата кариера ја започна во редовите на Осасуна, а во Арсенал се пресели од Малата. За лондонскиот гигант настапуваше шест сезони и одигра скоро 200 натпревари.