ВИДЕО: Реал со победа од „два во еден“ остана перфектен во Примера

Екипата на Реал Мадрид остана единствена максимална екипа во Примера со домашната победа над Реал Сосиедад (2-1) која пристигна со пресврт.

„Кралевите“ до пет од пет дојдоа со два гола во второто полувреме. Гостинот го изненади тимот од Мадрид откако на пауза замина со предност со голот на Баренетчеа кој падна во петтата минута, но работите за фаворитот дојдоа на место потоа.

Уште на почетокот на второто полувреме, Реал Мадрид израмни. Феде Валверде доби топка од Фран Гарсија и погоди за 1-1. Се играше 60. минута кога најистурениот играч Хозелу реализира, по втората асистенција на мечот од Гарсија.

  • Извештај од натпреварот:

Реал Мадрид во следната рунда го чека градско дерби со Атлетико. Реал Сосиедад, пак, кој го доживеа првиот пораз, ќе биде домаќин на Хетафе.

Состави

Карло Анчелоти

4-4-2

    Imanol Alguacil

    4-4-2