ВИДЕО: Реал се „лизна“ против Џирона, но имаше ли пенал за ударот в лице врз Мбапе?

Фудбалерите на Реал Мадрид одиграа 1-1 против Џирона во натпревар од 31. коло во Примера, резултат кој може сериозно да влијае во трката за титулата. 

  • Извештај од натпреварот:

Кралскиот клуб имаше свои шанси уште во првото полувреме, најопасен беше Килиан Мбапе, но неговиот удар беше расчистен од гол-линијата. Имаше Французинот и огромна гол-шанса од неколку метри со глава, ама не го погоди голот. На другата страна се закани и Азуедин Унахи, но Андриј Лунин беше сигурен. Мрежите мируваа до паузата, иако обиди имаа и Џуд Белингем и Арнау Мартинез.

Реал поведе во 51. минута кога Федерико Валверде постигна одличен гол од далечина за 1-0. Сепак, радоста на домаќините траеше кратко. Во 62. минута Томас Лемар со прецизен удар израмни на 1-1. Следуваше спорен момент, бидејќи во еден дуел за позиција во шеснаесетникот стоперот Витор Реис невнимателно со лакт го удри Мбапе во лицето. Францускиот напаѓач падна, а одлуката на судијата на теренот беше дека нема елементи за најстрога казна. 

  • Спорниот момент во Мадрид:

И ВАР собата ја потврди одлуката која ја донесе Арберола, па тоа предизвика дополнителна нервоза кај тимот од Мадрид. До крајот Реал тргна на сè или ништо, но не успеа да создаде вистинска шанса за победа.

Овој кикс ѝ дава можност на Барселона да ја зголеми предноста на врвот на девет бода ако победи утре против Еспањол.