Реал се договорил со Мбапе и Донарума, ги доведува или ова лето, или во 2018 година!?

Донарума и Мбапе

Шпанскиот и европски шампион, Реал Мадрид ги договорил трансферите на Џанлуиџи Донарума од Милан и Килиан Мбапе од Монако.

Двата фудбалери се заинтересирани за преселба на „Сантијаго Бернабеу“, а останува само да се договори обештетувањето кое ќе треба да го плати „кралскиот клуб“.

За младиот италијански голман се спомнува сума од 30-35 милиони, додека напаѓачот на Монако ќе го чини Реал рекорден трансфер во вредност од 130 милиони евра.

Флорентино Перез и Зинедин Зидан имаат закажано состанок овие дена на кој треба да разговараат и да ги потврдат преговорите за двете потенцијални засилувања, кои ќе пристигнат или ова, или наредното лето.